Idi na sadržaj

Институтот „Поинтер“ и „Зашто не“ објавуваат повик за апликации за програма за обука

Amra Hasanović

„Зашто не“ од Босна и Херцеговина и Меѓународната мрежа за проверка на факти при Институтот „Поинтер“ објавуваат програма за обука за градење и зајакнување на капацитетите за проверка на факти на Балканот.

 

 

Целта е да се понудат вештини за проверка на факти на редакции и непрофитни организации и тие, преку менторство и мониторинг, да се поврзат со постојните верификувани потписници на Мрежата со цел да се осигури дека организациите во Бугарија, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Словенија и Србија ќе работат во согласност со Кодексот на принципи на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

Институтот „Поинтер“, дом на Меѓународната мрежа за проверка на факти, е познат по својата извонредност во новинарското образование со експертиза во етика, лидерство, медиумска писменост и раскажување приказни. Преку оваа иницијатива, Меѓународната мрежа за проверка на факти и „Зашто не“ ќе ги соединат својата постојна експертиза за проверка на факти и програмите за обука со амбициозните проверувачи на факти од Балканот.

Учесниците во обуката ќе добијат инструкции за градење вештини во следните области:

  • Техники за проверка на фактите
  • Справување со погрешни информации /дезинформации поврзани со здравјето
  • Бизнис развој
  • Етика и лидерство
  • Мултимедијално новинарство
  • Градење публика

„Нашата цел е да ѝ помогнеме на сѐ поголемата заедница за проверка на факти на Балканот со основно знаење за креирање на оддели за проверка на факти и нудење на точни и веродостојни информации за јавноста во услови на ваква глобална пандемија и очекуваните дебати околу напорите за вакцинација. Бевме сведоци на фактот дека заедницата за проверка на факти на Балканот беше клучна во пружањето помош на читателите и оние што ги ширеа информациите во време на неизвесност “, рече Бајбарс Орсек, директор на Меѓународната мрежа за проверка на факти.

„Возбудени сме за оваа програма која ќе обезбеди можност редакциите и независните новинари во регионот да стекнат нови вештини и знаења под водство на реномираниот институт „Поинтер“. Како основач на регионалната мрежа за проверка на факти на ЈИЕ и долгогодишен верификуван потписник на Меѓународната мрежа за проверка на факти, се надевам дека ваквите иницијативи ќе помогнат за тоа нашето регионално „семејство“ за проверка на факти и глобалната заедница за проверка на факти да растат и да напредуваат во овие времиња полни предизвици“, рече Тијана Цвјетичанин, главен уредник на платформата „Раскинкавање “на „Зашто не“.

 

ПРЕГЛЕД НА ПРОГРАМАТА И ВРЕМЕНСКА РАМКА

Програмата ќе започне во јуни, а ќе заврши во октомври. Ќе биде реализирана во три фази:
– Видео-курс со претходно снимени материјали (јуни)
– Само-креирани курсеви, вебинари и дискусии во живо (јули / август)
– Менторство и мониторинг за редакции / организации (септември / октомври)

Ќе бидат обезбедени преводи на локални јазици за време на обуката.

Учесниците се очекува да се посветат на целата програма (сите три фази за редакции/организации и првите две фази за поединци).

По завршувањето на програмата, на сите учесници ќе им бидат издадени сертификати од Институтот „Поинтер“.

 

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

На програмата за обука можат да се пријават редакциите и независните новинари од Бугарија, Унгарија, Северна Македонија, Романија, Србија и Словенија. Менторство за процесот на аплицирање за Кодексот на принципи на Меѓународната мрежа за проверка на факти ќе им биде обезбедено на редакциите.

Приоритет ќе имаат редакциите и организациите со постојни програми за проверка на фактите, како и медиумите кои се во процес на воспоставување активности за проверка на факти. Верификуваните потписници на Меѓународната мрежа за проверка на факти исто така се добредојдени да аплицираат.

За независни новинари / уредници, потребно е минимум 2 години искуство во областа. Приоритет ќе имаат новинарите со претходно искуство во проверка на фактите.

Програмата е бесплатна за сите избрани учесници.

 

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Редакции и организации може да се пријават преку овој линк.

Апликациите за пријавување на индивидуални новинари и уредници се достапни преку овој линк.

Крајниот рок зa пријавување е 21 мај, петок, а учесниците ќе бидат известени за прифаќањето во програмата во текот на неделата што почнува со 24 мај.

Може да ни се обратите на [email protected] за дополнителни прашања.